Што е ГНУ/Линукс?

Кога ќе го чуеш зборот Линукс, може да помислиш на програмери со брада кои пишуваат нејасен код на црн екран. Добри вести! Работите се промениа.

Слика

Линукс е оперативен систем, големо парче софтвер кој управува со компјутерот. Сличен е со Микрософт Виндоус, но е целосно слободен. Точното име е ГНУ/Линукс но "Линукс" се користи почесто.

Линукс не е производ на една компанија, туку поголем број на компании и групи придонесуваат за него. Всушност ГНУ/Линукс системот е основна компонента, која е разгранета во повеќе различни производи. Тие се нарекуваат дистрибуции.

Дистрибуциите го менуваат изгледот и функциите на Линукс целосно. Тие варираат од големи, целосно подржани комплетни системи (одобрени од компании) до лесни и едноставни кои ги собира на УСБ меморијски стик за работа на стари компјутери (често развивани од волонтери).

Користење на Линукс

ГНУ/Линукс не е потежок за користење од Виндоус, и има многу повеќе можности. Треба само неколку минути за да се запознаеш со дистрибуции како Убунту или Федора, која доаѓа со многу инсталирани програми.

Ако ти треба софтвер со комерцијален квалитет за работа со бизнис документи, интернет/мрежно работење или мултимедија и графика, се е во пакетот и спремно. Сакаш повеќе од тоа? Линукс може – има многу стотици слободни високо квалитетни апликации кои можеш да ги најдеш, инсталираш и деинсталираш брзо и лесно.

Не треба да претпоставиш дека Линукс е клон на Виндоус. ЗА да знаеш што да очекуваш кога зачекоруваш во него, ти препорачуваме да ја прочиташ нашата Правење на промената страна.

Поголема слика

Кога ќе добиеш ГНУ/Линукс дистрибуција, исто така добиваш слобода да ја изучуваш, копираш, менуваш и редистрибуираш – тоа го прави навистина слободен софтвер.

Многу компании развиваат нивни оперативен систам базиран на основниот ГНУ софтвер: продукти врз кои немаат ексклузивни права. Како е тоа организирано?

  • Најголем дел од компаниите заработуваат преку продавање подршка и услуги поврзани со нивната ГНУ/Линукс дистрибуција. Корпоративните клиенти купуваат гарантирана безбедносна подршка и помош. Другите услуги често вклучуваат обуки и подобрувања на софтверот по барање.
  • Некои компании како HP или IBM, придонесуваат за Линукс бидејќи претходно го инсталираат на серверите кои ги продаваат.
  • Многу широка заедница учествува во развојот и подобрувањето на софтверот, намалувајќи ги трошоците и зголемувајќи ја ефикасноста.

На крај, индивидуалните крајни корисници често го добиваат софтверот со нула трошок, додека корпоративните клиенти често со задоволство плаќаат за поголема подршка.

Γιατί όχι Windows

Зошто треба да одбегнуваме да користиме Микрософт Виндоус

Αλλαγή σε Linux

Каде да го превземеш и како да зачекориш во Линукс