Πώς να καταλάβετε το Ελέυθερο Λογισμικό

Петте забуни за слободен софтвер, поправени.

1. Индустријата за софтвер не може да продолжи да работи ако програмерите не бидат платени.

Да започнеме со еден едноставен факт: програмерите на слободен софтвер сакаат да бидат платени, и сите треба некогаш да купат ручек.

Кога споменуваме слободен софтвер, мислиме на слобода а не цена. Можете да платите за слободен софтвер (или софтвер со отворен код 1), кој потоа можете да го изучувате, менувате и копирате по ваша волја.

Како работи? Може да гледате на тоа на овој начин: софтверот е само код, кодот е само математика. Кога еднаш ќе го видиш софтверот како корисна математика, разработен јазик, не како кај обичната сопственост, нема причина да забраниш други да го искористат.

Исто како во математиката (каде никој не бара сопственост на равенка), софтверот бара напредно знаење за да се адаптира, подобрува и да се применува правилно. Овде генерално програмерите заработуваат пари: многу потрошувачи, првенствено компаниите се волни да платат за редовни сигурносни ажурирања и подобрувања на софтверот.

Компаниите за слободен софтвер имаат корист од многу децентрализираниот систем на развој со голем број на придонесувачи-волонтери. Приходите во индустријата за слободен софтвер можеби се помали од оние во комерцијалниот софтверски сектор, но не се занемарливи. На крај индивидуалните корисници генерално користат бесплатен слободен софтвер.

Слободниот софтвер не е за да го отстрани поттикот на програмерите. Тој е за да се гледа на кодот како на знаење кое не треба да се крие од корисникот. Функционира со поинаков бизнис модел, во кој веќе многу компании добро работат.

2. Иновацијата е уништена кај слободниот софтвер.

Вообичаена перцепција е дека ако секој може да копира идеи, иновацијата ќе биде задушена.

Всушност слободата често е клучна за инвентивен и успешен софтвер.

  • На секој му е дозволено и е охрабрен да работи на тоа;
  • Многу луѓе се волни да учествуваат;
  • Нема потреба повторно да се измислува нешто, идеите можат директно да се подобруваат.

Некомерцијалниот софтвер се наоѓа во многу области: да наброиме само неколку:

  • Апликации: Firefox (веб разгледувач), Inkscape (векторско цртање).
  • Комплетни системи: Apache (веб сервер), OpenBSD (ОС), и секако ГНУ/Линукс.
  • Формати и протоколи: HTML (веб страни), BitTorrent (споделување на датотеки), ODF (канцеларијски документи).
  • Серверски апликации: Drupal (Систем за управување со содржините), Wordpress (блог).

3. Софтверот едноставно треба да работи (кому му е грижа за изворниот код?)

Секој треба да се грижи дали неговиот софтвер е слободен.

Замислете да купите автомобил на кој ви е забрането да го отворите капакот на моторот. Не е важно дали знаете како работи автомобилот – поентата е дека никој нема да може да го провери моторот. Како може да му верувате на вашиот автомобил ако на никој не му е дозволено да провери дали е сигурн, да не истекува нешто, дека не е штетен за општеството и околината?

Идеата е иста и со софтверот – освен што кодот прави многу повеќе од само движење на автомобилот. Софтверот работи на компјутери, телефони, телевизори, медиа плеери и повеќе, пренесувајќи ја информацијата и нашата култура.

Слободниот софтвер е важен како слобода на говор, како слободен пазар. Ако софтверот е слободен, корисниците имаат контрола и слобода врз него.

Добрите вести се: слободниот софтвер исто така едноставно работи. И всушност, често работи подобро. Ставете ГНУ/Линукс инсталацијско liveЦД во вашиот компјутер при подигање, за да испробате целосен, добро организиран систем, без да го инсталирате, за да може да пресудите самите.

4. Слободниот софтвер не го почитува патентраниот и заштитен со авторски права софтвер на авторите.

За да го одговориме ова правилно, прво мора да направиме јасна разлика помеѓу авторски права и патенти. Авторско право е право гарантирано на авторот врз неговото/нејзиното дело (на пример текст од книга или изворен код на програма). Од друга страна, патент е купена, регистрирана ексклузивна контрола врз процес, апликација или идеа.

Авторското право е многу важно во слободниот софтвер. Тој е механизмот одговорен за ГНУ Основната јавна лиценца, која обезбедува слободниот софтвер да остане слободен, и дека авторите се ценети за нивната работа. Програмите се заштитени со авторски права, без оглед дали тие се слободни или комерцијални.

Секој автор на комерцијален софтвер може лесно да провери дали неговите авторски права се прекршени во апликација од слободен софтвер, бидејќи нејзиниот изворен код е лесно достапен.

Од друга страна, софтверските патенти се многу контраверзен концепт. Да скратиме: не постои такво нешто како "патентиран софтвер". Преку регистрирање на патент некој може да бара сопственост врз процес. Патентот потоа се однесува на целиот софтвер кој го користи тој процес, без разлика дали е комерцијален или слободен.

Патентиран софтвер:

  • Се скапи и со гаранција од само неколку години после примената;
  • Се ограничени географски (патент гарантиран во САД е безвреден во Европа);
  • Имаат долг животен циклус (често 20 години) во индустријата што напредува брзо;
  • Често се однесува на целосно тривијални процеси.

Како такви, ретко се употребуваат за да им користат на иноваторите (и всушност, ретко се користат од самите иноватори).

Може да се каже дека секој софтвер со средна големина ги прекршува патентите, во повеќе земји, без разлика дали е слободен или не.

Зависно од можноста на холдинг компаниите да покријат многу големи правни трошоци, или да возвратат со други закани со патенти, авторски права и ограничувања можат да се применат врз тие патенти.

5. Слободниот софтвер е како комунизмот.

Подржувачите на оваа идеа заговараат дека не може да има приватна сопственост со слободниот (или "отворен код" 1) софтвер. Да одговориме на ова со пример.

Да замислиме дека користиш една апликација која е слободен софтвер, дома и во твојата компанија. Пронајде одличен начин да ја подобриш, така што сега со твојата изменета верзија, твојот компјутер работи подобро и твоите фабрики работат двојно побрзо!

Оваа изменета верзија е твоја лична верзија. Не си обврзан да кажеш на никој за неа, ниту мораш да го делиш профитот што го направи со неа. Ти едноставно ја искористуваш твојата слобода да користиш и менуваш слободен софтвер.

Што лиценцата на слободниот софтвер бара е всушност ако го редистрибуираш овој софтвер мора да го зачуваш слободен. Имено, ако продаваш ЦДа со твој софтвер на нив, или ако почнеш да дозволуваш на луѓе надвор од твојот дом или компанија да го користат, тогаш мораш:

  • Или да ги дадеш на сите истите права кои ти ги имаше кога го доби оригиналниот софтвер, тоа е, слобода да се прегледува, менува и редистрибуира твојата изменета верзија;
  • Или, да ги направиш оригиналниот софтвер и твојата тајно издание на него целосно посебни (тоа е, твоето издание не треба да содржи ништо од оригиналната работа).

Всушност, ти имаш повеќе "сопственост" врз слободниот софтвер отколку врз комерцијалниот софтвер –каде програмерите одлучуваат се што можеш и не можеш да правиш со софтверот.

Слободниот софтвер нема ништо заедничко со политичкиот систем. Можеш да користиш слободен софтвер врз комерцијален, исто толку добро како и спротивно. Лиценцата за слободен софтвер едноставно е законски, етички договор помеѓу програмерот и крајниот корисник.

Прочитај повеќе:

Слободниот / "отворен код" софтвер не може да биде безбеден.

Овој аргумент главно се однесува на тоа што изворниот код на слободниот софтвер е достапен, па е помалку веројатно дека ќе биде безбеден.

Краток одговор: Мнозинството од серверите работат со слободен софтвер. Тие се главните мрежни компјутери кои ги чуваат осетливите или доверливи информации како што се твоите банкарски детали или трговски тајни.

Попрецизен одговор е дека таа достапност на изворниот код е гаранција за сигурност а не слабост. Слободата на софтверот обезбедува тој да биде прегледуван, тестиран и подобруван од многу широка заедница. Добрата брава е сигурна бидејќи технологијата која се користи да се дизајнира е отворена, а може да ја отвори само сопственикот на клучот. Истото важи и за софтверот.

Сакаш примери? Погледни на Firefox прелистувач, Apache HTTP Сервер, OpenPGP систем за шифрирање, или OpenBSD оперативен систем. И нема штетен софтвер и вируси во ГНУ/Линукс.

Оставен сум сам со себе со слободниот софтвер.

Воопшто не.

  • Ако бараш добра документација и форуми за подршка да ти помогнат, има многу достапни за слободниот ("отворен код") софтвер.
    Секоја ГНУ/Линукс дистрибуција има своја заедница (на пример, Убунту подршка или Федора документи), но исто така има и општи заедници за помош со слободниот софтвер, како LinuxQuestions.org.
  • Ако ти треба некој што можеш да го добиеш на телефон во секое време за да ти помогне, компаниите зад повеќето дистрибуции нудат комерцијална подршка: погледни на Убунту комерцијална подршка или Red Hat Enterprise Линукс страните за примери.

Понатамошно читање на интернет

The GNU project

Овде започна слободниот софтвер. Ќе најдеш многу информации за филозофијата на слободниот софтвер, историјата на проектот, и ставовите завземени од Фондација за слободен софтвер (организацијата позади ГНУ).

The FLOSS concept booklet

Концептот на Слободен / Libre / отворен код софтвер презентиран на многу читлив и пријателски начин. Мора да се прочита.

The OpenDocument Fellowship

Едноставна и јасна страна за OpenDocument форматот, која ја покажува важноста на слободата во форматите (не само во апликациите).

Free Software and Free Knowledge

Статија од коосновачот на Википедија Jimmy Wales, која ги покажува врските помеѓу слободата во софтверот и слободното знаење.

  1. ^ a b Што нарекуваме "Слободен софтвер" овде често се нарекува "Софтвер со отворен код". Во пракса барањата се идентични иако терминот "отворен" не повикува на умствена слобода, тој ја промашува поентата. Прочитајте ја нашата ЧПП статија: Дали "Отворен код" и "Слободен софтвер" се истата работа?.