Γιατί όχι Windows

Виндоус и Офис работат добро — Зошто да се грижиш за тоа?

Περιορισμοί

Легална копија на Виндоус е скапа, но што добиваш? Виндоус и Офис се лиценцирани, не продавани.

Со користење на овие производи мора да се согласиме со бројни строги ограничувања. За најголем дел од Виндоус лиценците, не можеш да го задржиш софтверот кога го менуваш хардверот. Некој пат дури не можеш да го дадеш твојот софтвер на друг. Кој може да го користи софтверот? На кој компјутер? Што можеш да правиш со него? Листата со ограничувања е долга и некои работи се срамни.

Прочитај повеќе

Σχετικά τι με την επιλογή?

Софтверот треба да биде без клучеви во него.

Зошто Офис документите тешко можат да се пренесат? Зошто форматите постојано се менуваат? Зошто дури не можеш да деинсталираш некои програми? Можеби ако бараш избор, Микрософт производите не се за тебе.

Прочитај повеќе

Κανένας πηγαίος κώδικας

Изворниот код на Виндоус и Офис е скриен, па на никој не му е дозволено да разбере како тие програми работат.

Ако немаш право да го прегледаш изворниот код (внатрешно работење на програмата читливо за човек), не може некој да ги исправи грешките или да процени како е заштитена твојата приватност.

И погодете што? На софтвер кој доаѓа со изворен код вирусите и спајверот не се ефикасни, и безбедноста не се купува додатно. Индустријата за анти вирусен софтвер, во која сега Микрософт е значаен играч, сака ти да користиш Виндоус.

Прочитај повеќе

Υποστηρίξτε την ελεύθερη κοινωνία

Слободно општество бара слободен софтвер. Помисли на тоа како &цитат;слободно&цитат; како кај слободата, не цената: слобода да го прегледуваш, изменуваш и учиш од софтверот кој го користиш.

Компјутерите се користат за споделување идеи, култура и информации. Без тие слободи врз софтверот ризикуваме да ја изгубиме контролата врз нештата кои ги споделуваме.

Ова се случува денес. Од досадни технологии како што е Digital Restrictions Management (DRM) до застрашувачки како Trusted Computing, можноста на секој да учествува во културата е загрозена.

Ако треба да се откажеш од твоите слободи за да користиш софтвер, можеби не треба да си задоволен со тоа.

Прочитај повеќе

Многу луѓе мислат дека Виндоус, инаку пристоен софтвер, им одзема толку многу права, така што не вреди да се користи. Мак ОС не е ништо подобар, исто така.

Ако го пронајдеш слободниот софтвер привлечен, можеби ќе сакаш да испробаш Линукс.

Αλλαγή σε Linux

Каде да го превземеш и како да зачекориш во Линукс