Залагај се за слободно општество

Софтверот е многу повеќе од тоа да биде само сигурен (да биде "отворен-код"): Што е поважно е слободата што ја добиваш над него. Можеш ли да учиш од него? Можеш ли да го надополнуваш? Можеш ли да го дистрибуираш? На тоа се обраќаме како "слободен софтвер".

Изнесов нови зборови, фрази, аналогии, разни забавни нешта во Англискиот јазик и луѓето парафразираа што имав да кажам и заработуваа пари зборувајќи за некои од истите работи за кои јас зборував.

Ако се обидам да го заклучам тоа за што зборувам и за што пишувам, на ист начин на кој го прават компаниите за комерцијален софтвер, тогаш целата индустрија за зборување, пишување, медиуми, ќе стане премногу правна, и трошоците за трансакција би биле преголеми.

Don Marti, Интервју од 2005

Не е луд концепт

Звучи чудно на многу корисници дека софтверот треба да биде слободен како во слободата, бидејќи ниту еден од производите на Микрософт не е. И покрај тоа нашето општество работи со многу слободни работи во него, на пример:

  • Ниту еден готвач нема да ви забрани да го измените неговиот рецепт и направите верзија од тоа. Прехрамбената индустрија напредува и покрај тоа што е задолжена со закон да ги наведе состојките на етикетите на производите.
  • Правичен судски систем дозволува на секој да ги чита сослушувањата и аргументите. Не само резултатот (конечната пресуда), туку и процесот е целосно отворен.

Слободниот софтвер е слободен како во "слободата на говорот" како во "слободниот пазар": сите се неопходни за слободно општество. Не сте убедени? Да го погледнеме комерцијалниот софтвер од поблиску?

Комерциалниот софтвер оди во погрешна насока

Границите на комерцијалниот софтвер ги надминуваат сигурносните прашања (види ја нашата статија за изворниот код): денеска комерцијалниот софтвер се меша во ширењето на културата и информацијата. Ова воглавно се случува преку две технологии:

Digital Restrictions Management 1 (DRM) - Управување со дигитални ограничувања

Основната идеа на DRM 1 е да го ограничи пристапот кон датотеките. Корисниците се среќаваат со ова, на пример кога купуваат музика преку iTunes и можат да ја слушаат музиката само со еден плеер, од еден бренд. Со овој метод компаниите се борат со кршењето на авторските права, но исто така сериозно го ограничуваат пристапот на корисниците до нивните датотеки.

DRM е контрола врз содржината

Прифатете дека контролата не е во рацете на крајниот корисник. Оригиналната намера на DRM е разбирлива, но влијанието врз протокот на информации и културата во општеството е застрашувачко.

  • Замислите книга која автоматски ќе се затвори и залепи откако еднаш ќе ја прочитате.
  • Замислете документи кои се самоуништуваат ако се обидете да ги изнесете надвор од собата.
  • Замислите телефони кои ќе работат само ако личноста која ја повикувате има иста марка и модел.

Звучи лудо? Овде Trusted Computing - Безбедното компјутерско работење стапува на сцена.

Trusted Computing (TC) - Безбедно компјутерско работење

Trusted Computing (sometimes more accurately called "Treacherous Computing") means a computer can only run "Trusted" Software. It is meant to be an uncircumventable protection against nuisances (like viruses or spyware) and copyright violations (people copying proprietary software).

Безбедното компјутерско работење е контрола врз компјутерот

Најбитна работа за Безбедното компјутерско работење е тоа дека вие не можете да одлучите што е безбедно а што не е. На пример, вашиот компјутер може да одбие да работи програми кои не се одобрени од софтвер компанијата –програми кои ќе ти овозможат да изнесеш документи надвор од канцеларијата, или да го гледате ДВДто на соседот, или да го пратите вашиот есеј на некој што не ја користи истата програма.

Цела палета можности се отвараат на компаниите кои имаат корист од ограничување на твоето компјутерско работење (како што се издавачките и компаниите за комерцијален софтвер). Одеднаш е можно да изнајмите ДВД кое може да го гледате само два пати, или музика која можете да ја слушате само во септември, информација која може да ја прочитате но не можете да ја зачувате или копирате. Одеднаш, Безбедното компјутерско работење и DRM овозможуваат далечинска контрола врз содржините.

Безбедното компјутерско работење му овозможува на издавачот сам да го напише законот за автотрски права.

Поширокото влијание

Сега излегуваат многу културни производи кои се "тројно заштитени" не само со авторски права и код, но исто така и со договори и лиценци за кои корисниците се откажуваат од сите преостанати права.

За дигиталните содржини се зголемува заменувањето на авторските права со лиценци со кликање за крајниот корисник, користејќи го законот за облигациони односи за воспоставување на апсолутни права на сопственост, кои авторските права оригинално имаа намера да не им ги дозволуваат на издавачите.

Rosemary Bechler, Unbounded Freedom

Компјутерското работење повеќе не е само за пресметки. Користиме софтвер за да комуницираме: да споделуваме информации, идеи и култура. Софтверот е во нашите телефони, автомобили, медиа плеери, телевизори, и владее со скоро секој нов уред околу нас.

Софтверот се почесто се користи за спроведувања правила. Правила кои се или можеби не се според законот. Правила кои се или не се фер. Ако софтверот не е слободен не останува простор за корисникот да влијае на овие правила.

Безбедното компјутерско работење и DRM го поплочуваат патот кон општество во кое културата и информацијата не се едноставно претворени во производи (сега се, и тоа е во ред), туку во потрошувачки производи.

Кодот е моќ. Најголемиот дел од денешните работни документи се напишани и шифрирани со тајни алгоритми во комерцијалниот софтвер. Што ќе биде со утрешните книги, фотографии, филмови, есеи, анимација, музика, вести? Комерцијалните програми како што е Виндоус немаат транспарентност. Слободна култура и слободно општество не може да израсне од таков софтвер.

May we suggest you switch to GNU/Linux?

  1. ^ Имајте во предвид дека DRM често се нарекува како "Управување со дигитални права" иако има малку заедничко со правата – "Управување со дигитални ограничувања" е попрецизно име.

Прочитај повеќе

Право да читаш

Каков е светот на Безбедното компјутерско работење? Ова е кратка приказна од Ричард Сталмен која опишува како ова може да влијае на секој од нас.

Заблудата на DRM

Добро конципирана статија за DRM од Тим Џексон, на основа на која ја базиравме нашата статија.

Слободното знаење бара слободен софтвер и слободни формати на датотеки

An engaged article by Jimmy Wales, who co-founded the free encyclopedia Wikipedia.

Безбедно компјутерско работење

Кратка видео анимација од Бенџамин Стефан и Луц Вогел. Јасен, пргав и убедлив аргумент.

Зошто софтверот не треба да има сопственици

Клучен текст за Движењето за слободен софтвер од Ричард Сталман. Ги разјаснува вообичаените приговори и објаснува голем број важни идеи.

Πώς να καταλάβετε το Ελέυθερο Λογισμικό

Повеќе за слободниот софтвер на оваа интернет страна.